Свети Јован Крстител Да Се Застапува За Нас Пред Господа www.maklezet.mk/community/
Storified by Odiseizam ·
Sat, Jan 20 2018 16:08:59
Повелете Думвајте Лезет Форум Имате за Час Поскоро да Стигнеме до Рекреативна Легализација на Марихуаната ... тие што ќе ме осудат Бог да им прости, а и мене ако сум им соблазна за тоа, а на останатите би им предочил не му се радувајте на сладострастието или некоја шанса за некакво негово легализирање, туку како такво искористете го заради поголемо добро можеби ко јас што верглам заради Рурална Реемиграција но во контекс т.е. преку Трезвеноумост да во овие последни времиња општествените прилики бидат отскочна даска кон сплотеност, но разликувајте изворен натурализам од бројлерски мамонизам, премерувајте дали ви е побитен идентитетот или пак нечија матрица, та макар осигурана била супер-безбедносно или пак супер-економски, а не пак доколку истата е кљампава колку и мркетиншки да е изгланцана, особено бидете претпазливи доколку веќе сте навлечени на агитпропот на евро-атланските детерминисти спакуван во целофан од тренди архетипи за мамонистички глобализам и мир во душа преку финасиско-конзумеристички лихви, но имате Слободна Волја та риспект за кој и пат да си го фатите, и индивидуално и како заедница ... но не судете, секому му се случува и да се лизне, и да тресне, некој и да се изгори, ако можете да помогнете помогнете, а ако не, бар не одмагајте ...
...
блог-пост понапред, а во однос духот на овој свет и јас ќе посведочам дека така бев живеел поприлично некогаш, иако и сега не сум поарен но сепак колку толку умерен, но и уморен од таквиот тренд за насладување без конкуренција, среќа што сум се одврзал од мамонизмот озбилно инаку заминав инстант пепел, но сега за сега, а тогаш за тогаш, ... арно ама во тоа тогаш, препознавам многу други млади па и постари денеска, но за разлика од нив немав можност така хедонистички заглавен за тенеќиња да бидам врзан, туку по цел ден се дружев и скиткав, среќно живеејќи ко претежно авангардно наштиман малџија, но со изворно заплиснат табиет кој ме огради здраво од трендовски притисок врз Честа, во средина каде впрочем иако истата и ден денес ја има, сепак како во ново-наемничко-должничка-опаковка е толку релативизирана да понекогаш ти се чини човек не Име да си смени туку му доаѓа и мозок да си вечера ... ако е утеха не сме сеуште дибидус заминати, но веќе доволно либерални за да ги амортизираме притисоците и со агитпроп шунд во потсвест, невозможно глупо во место кое не само што има Раритетна Историја туку има и Жива Мистика во секоја пора и секоја молекула како уникатно неповторлива културна днк-а, која ако се потрудиме да ја негуваме поусрдно Изворно, не само што ќе се осигураме како Суверени и Независни туку во тоа и ќе Радоснуваме наместо да се јадосуваме, некој уживајќи некој растејќи, секој во оној вакум на личен свет во кој егзистира, некаде аздисано некаде опуштено, зависно како со која кофа леген или бунар животот го закачил, но и како самиот тој се вози во истиот, некој вака некој онака некој и така, натака ... пример во даден момент разбирањето на нештата може да ве зароби или ослободи, но тоа исклучиво зависи колку трезно ил попрво фокусирано им пристапувате на работите, а на сето ова и која идеја ви ет водилка, незвисно од концептот кој би довел до таквата цел во овој живот кој ни е буквално на поклон даден,
муабетот со Слободата претходно ... ... само, за кого што е мерка во овој свет, дали самите на себе или пак самите ние во однос на Бога како созданија, но дури и човек се удостоил да се надрасне со Божја Помош, дури и до најголемата чест да во полнота заедничари со Бога, тоа незначи дека човек нема да е подложен повторно на искушенија, напротив уште повеќе како би се смирувал и не би се возгордеал, та да стане фарисеј гледајќи од високо кон своите сестри и браќа, секоја чест за првите бидејќи трпат и отповеќе, бар додека искрено не го прифатат Христа за штит преку содејствителен подвиг ... јас пример дури и малку што вкусив подвижнички живот преку поклонички маштаб ко некогашно дете од источното гето на нашата метрополата, лесно се омлачив ко и никогаш да не сум бил на усрдни поклонички патувања штом се вратив пак назад во центрифугата, но токму тоа и ме окуражи да сведочам дека и навистина сред неа Спасението ни е на дофат на рака доколку човек само и го задржал сеќавањето за него како главна цел во животот на секој еден Верник ... порано пак кога не бев Воцрковен успевав да се потсеќам на духовна самоодржливост преку другиот крај на стапот додека ете растев на скотскиот асфалт и по скотскиот бетон т.е. неможејќи да се утврдам во Божјата Љубов, да размислувам за стравопочитта кон Бога како традиционално всадена, но дефокусиран пречесто имав среќа да постоеја и други потсетници, а до кои можев да допрам бидејќи медитирав наместо со алкохол со Мрмр, та пред да станам потенцијално волк, имав прилики да размислам каде ќе завршам, ко што реков за среќа бидејќи од карши преку реката во моето маало беше старата скопска депонија Вардариште, јасно среќна околност беше и што немавме е-тенеќиња за дома да не заробат, та при редовните прошетки од сто филма бар еднаш ќе успееш ова да си го предочиш додека шеташ по тој заборавен дел од кејот кој беше дива парк убаина ко зажбунето запуштена каде пред се' се ловеше риба покрај клоаките на Ново Лисиче или пак отаде кај Кожара ... блазе си им на рибарите што после децении Скопје треба да добие регулација на отпадните води со се пречистителна станица ... но таму и тогаш, одевме редовно бар в лето на афтерпарти, а неретко и парти дружби како адолесценти, каде секој можеше да се пофали кој Мрмр каде го засадил и да се подскине по некое цветче уште недозреано, дури многу пати и калои имаме заглавувано, а еднаш и џандарскиот хеликоптер не имаше и тоа побајаѓи ниско прелетано, изгледа бараа некој избеган од ќумезот в Скопско поле, иако ние трипавме така в кал заглаени дека ни бараат браздата од која вадиме зарзавати ... сепак таму ни беа расфралани само семенските вишоци за да мутираат покрај сета останата флора збогатена со екстра азот од Вардариште, додека домакинлукот одсекогаш си тераше во некое село кај некој Дедо помеѓу патлиџаните или пченката, најчесто со арско ѓубре штиман, всушност најголемата лекција околу градинарски марифет за Мрмр во животов ми ет, што важи за доматот како техника важи и за конопот доколку целта е убав плод и богат род ... но токму оваа шанса односно упорност да се има свој Мрмр наместо да се пазари кузнај чив од кузнај каде, и мене и многу други не куртули од криминални интриги и потраги по тронка индуцирана смеа и опуштања, кои оние кои некако развиориле во срце Реге вибрации, само вака можеа во полнота да ја разберат смислата на Животот, кога буквално заживува ВАН ЛОВ премисата споделувајќи со ближните од она кое на многумина им носи Радост и потака од срцата, нели во недостаток на некоја поизворна форма како што е вистинската народна песна или од неа произлезената вистинска црковна химна која ко таква преку локалниот Исон е надополнета со Славословија односно донесува радост во срце кај човека без никаков земен стимуланс директно од самиот извор зад самото тоа срце од самиот Свет Дух кој така призван не само што го лекува човека туку ја обнова и околината негова на сите нивоа, но во основа секоја вибрација со позитивен набој а особено песната ологосена преку силата на Зборот е исцелителна, а колку повозвишени зборови и намери толку поголемо дејство и ефект од мелозвучноста ... но многумина ја немаат таа среќа да допрат со леснотија до овој кладенец, или ако можат за тоа им треба поттик, а кога истиот се бара на маса така се подзагрева најчесто со алкохол за срцето да се зарадува, но оние кои не се по алкохолот а некако нашле кураж од во случајов лековита билка греота е да им се зема за зло доколку така вијорат радост во срцата, колку и тоа да е за некого погрешно, конечно, дали немаме поговорка и во виното ко и во се од стимуланси е блудот во овој свет, па сепак доколку човек е умерен нема да се изгори, та макар и никогаш не познал поарно, но за тоа не е самиот толку крив колку заедницата која треба усрдно да се труди да допре до срцата на своите членови состави, со што поизворни бранови од мелодии и зборови ...
Токму затоа треба да се надмине табуто и стигмата и за Рекреативната употреба на Марихуаната освен Медицинската, но доколку и таа ко и медицинската е заглавена само во фармациски раце, или пак ко нелегализирана е оставена во корист на сивиот пазар, народ не само што нема да види аир преку каква и да е форма на декриминализација, туку и дополнително ќе заглави во однос ќорсокакот на страстите во кои денешната младина но и постарите се обземени, со оглед дека политичките елити така ќе си исперат раце пред гласачите со брзоплети решенија дека завршиле работа, а всушност во реалноста ништо добро нема нит тие нит народот да види копирајќи европски фермани и тертипи, особено бидејќи таму не се ни толку попарени од комшиски одгледувачници ко што сме ние тука, впрочем најголеми во цела еу, ко што се граничните региони со Македонија на соседна Албанија Косово и Бугарија каде ако сакате и човечки ген ќе ви стават во гмо семките кои ги употребуваат како би добиле побрлива хибридна марихуана, зар навистина толку сме абдали да не можеме ко општество да разбереме дека само оштроумна Легализација на Марихуаната има шанси да не извади од ќорсокакот во кој е втурната младината во овие времиња, тоа во мое време ко дете половината на деведесеттите се дуфташе Мрмр во изобилие, а не пак сега, и како ќе го решат проблемот постојните политички елити, едните ќе удрат алфашки по табани та народ уште толку да се врти кон индор гмо сканкои, а другите ќе олабаеле поприлично, но така бидејќи нема да се казнуваат уживателите за поседување, а би им било забрането одгледување, токму црниот пазар невозможно ќе експлодира, што на крај повторно ќе доведе кога тогаш до Легализација, само тогаш ќе биде прекасно да се ресетираат нусефектите од дотогашната кусогледост ... затоа и се јавува како најнеопходно да се почне сеопшта дебата од сите сограѓани, да се премерат просто сите аршини пред како и да се пресечи околу Марихуаната кај нас за во блиска иднина, а што не дека јас така сакам туку бидејќи тоа е научно докажано дека само преку исцрпна форумска дебата може рамноправно да се изнедрат целисходни решенија за секоја проблематика, односно да се соочат сите засегнати страни и да се споредат сите различните модели од по белиот свет, а како би добиле одреден кој би бил најприкладен за нас, затоа и ги повикувам СИТЕ кои бар малку од малку имаат осет дека оваа е навистина ризична работа да се препушти на нечиј унилатирален политички пристап да земат учество во првиот Македонски Форум за Марихуана каде единствен услов ќе биде во главните теми додека не се исцрпи некоја дискусија да не се расфрла човек со дигресии во недоглед, а кога тоа го прави да очекува дека ќе биде разбран како спам инфилтратор чии намери не се искрени а ко такви ќе бидат подложни на оштра модерација, иако имав намера и ова да го допуштам за што поголема демократичност на форумот, но навистина немам нит време нит средства нит капацитет сега да пуштам паралелен форум за нерегистрирани гости или опуштени членови каде полефтерно би се дискутирале истите теми, но да видиме се надевам дека брзо би се собрала екипа па и ова брзо да се случи, што сега евентуално би можело да се овозможи преку обичен Чат, но и тоа на почетоков не е најпотребно ... најбитно е на македонските граѓани да им се даде место каде тематски експертски и архивирано ќе дебатираат, што е возможно само на е-Форум, наместо тоа да е ко сега сите да кршат клечки во бездната на фејкбукот каде егото штом еднаш натежне враќање нема, додека на е-Форум дури и да ве отфрлат сменете ај-пи адреса и повторно вклучете се во дебатата но овој пат поартикулирано, не заборавајте тематски форум особено за жива а ризична материја бара пооштар фокус него општите форуми иако и таму си има ред меѓу членовите ... битно нека почне разумно да свети Мрмр муабетов оти темни се облаци задале во матриксот на локалните политички елити ...
Аирлија и Повелете на Думвање па и кафе муабет во вториот дел од МАКЛЕЗЕТ е-Форумот каде би се шмирглало и полирало Македонското Секојдневие што поцеломудрено ... секоја добронамерна сугестија е добредојдена, а доколку имате познати што би можеле да помогнат во темите слободно споделете ја со нив адресата
maklezet.mk ... ДА се надеваме ќе биде интересно ако ништо друго, а и само ако имаме позитивно опуштен пристап намесно дрско ревносен, ќе стигнеме и до логично корисен пристап во се' посреди ваквата е-комуна која преку заедничкиот интерес или зијан ќе не озвести од бунилото на себичлукот, ако така правеа и уметниците та ќе видевме ли нешто повеќе од креативност, бар во позадина грб ќе ти чуваат останатите доколку немаат друга работа, сетне ги боцкале ножина бидејќи од чалам ништо друго и не ни можело да допре донив ко политички елити, бреј не ги оставајте сами бидејќи дечки вие сте ги избрале за водачи какви и да се или станале попат, што се тие криви што им скубнал емоционално-интелигентниот компас во нечиј корпорациски сеф или на нечиј детерминистички есап, но ако тие можат на две столици, и вие можете на една, само треба тоа да го разберете дека е така ...
... но, и да не сме свесни дека нашата постојна реалност колективно е надреално свртена кон конзумеризмот ем посреди хедонистички времиња намакани во суета, ем во разногласие каде некој се храни материјално на еден а духовно на друг начин, дополнително преку тоа во хипокризијата од жедта на духот од овој свет за власт и моќ кои деспотски се врзуваат и разврзуваат по сите страни, истата ко таква како симулакрум кога тогаш ќе имплодира ако не експлодира од безидејност ... ете и сред сето одродувачки-интегрирачка еуфоричност од еа-агитпропот, ние доколку ја посакаме ние посекако имаме алтернатива, која најнапред е излез а дур потем можност за вистински подобро утре, во случајов преку Рурална Легализација како би останеме колку толку на своето, та дури и сме пенетрирале во незнам едикојси империјален систем ... но се плашам дека ќе видиме аир од тоа вака апансаз нестандардизирани и конкуретно кадарни, но нека проба и тоа народ, зар прв пат ќе му буде да го учипат некаде некако, аха сувернитет, утре само виртуелно зацртан во агендите на евроатланските-детерминисти, бар од куртоазија нашите пол.аги народ да прашаа ем претходно и да го поучеа кое фајде од сето тоа и како без тоа, за и навистина да им даде референдумска потдврда за таквата искреност која сега е заложник сеуште на декларативната волја за реметење на постојниот статус на земја која се труди да биде т.н. оаза на Мирот илити швајЦарија на балканите, неутралност која и да ја изгубиме, може и ние пр. ко хрватите ќе ја балансираме повеќеслојно како и' отанизирани и' неврзани и можеби Ако Бог Даде советно безбедносни оон-ци не дека и до сега немавме прилика да се надраснуваме вака, само што индивидуализмот ни ет појака страна та ето дочекавме да имаме и претседавачки македонец во оон плус и со претензии за секретар, но кој да те подржи кога како народ не сме биле од никогаш со мецена зад нога, што пак во такво опкружување кажува многу самото по себе, затоа пак огламник не може никој да ни стави освен самите себе да си го сториме, што и колку ме држи памет официјално и го посакавме кога самитски во Букурешт како би имале поголем кураж, тргнавме да ја допишуваме меѓународната фатаморгана дека всушност од големите ние сме разбрани испочитувани и подржани, само што нивните помали браќа имаат двојни аршини на маса, но ко за среќа заради тоа куртуливме одродување на мала врата, та бидете им ете и на комшиите Благодарни што не ни дозволиле неспремни стаиме огламник ... ќе да не закачила колективно онаа народната “каде си течело, пак ќе си тече, та и не ни сакале ние“, хм, веројатно има нешто многу повеќе посреди, кое иако не ни е разбирливо ни е судено, а гледано оптимистички пример тоа е изворната музика или пак црковното поење, светла традиција која за жал ја забораваме ...
... а токму таа ни е една од главните причини за тоа што навистина сме, но оди некој нека ја врати со леснотија на здрави нозе оваа наша нишка, која сега со постојните усилби како е поткрепена, не ветува дека ќе останеме свои на своето макар и име не промениле, често ќе речам што ќе ми е и мед и млеко да тече тука, ако тоа е истурено преку некоја светска корпорациска идеологија на бројлерско битисување ... ова е шанса во кој и да е облик да извадиме подобра позиција за сето наше ествување, а не само идентитетот да го ревитализираме, ако веќе не можеме да го осигураме истиот целосно при налетот на глобализмот, кој на крај пак ќе ве олабави зелено, но тоа ќе биде некоја туѓа непозната народна силуета, колку и да ја пополнуваме ко таква со рециклирани спомени од блиската и далечната историја ... да не мудрувам и отекувам со гланцање фактографија, но доволно е и ова за да се замислите каков потенцијал има во овој миг Рурална Легализација на Марихуаната во Македонија за кога и ќе се реши народ некако да се ослободува ил зарубува на овој план, да знае дека може и многу да добие и многу да изгуби, ако сам не си бистри водата, туку чека друг со копи пасте пристап да му ја реши равенката, камо бре луѓе свеста да ви беше медијатор во агендите, но и вака дидактичко-рефлексни поубаво ќе поминете доколку и малку напор вложите на заедницата да и помогнете, сакале културно, научно ил политички тоа и толку не е битно, колку што треба да почнете прво себе да се менувате кон подобро, а потем и таквото искуство да го споделите за и на други да им помагате во нивната насока кон Слобода ... некој на крај сигурно ќе рече ексик овие бараат слободен разврат, но ако, времето ќе покаже дали декриминализација ќе донесе некому аир доколку народ ја презре дебатата и активното учество еве конечно на е-Форум за соодветна намена ... но тоа е процес, и никој да не се надева премногу, бидејќи најнапред треба повторно некое време промоција за рекреативниот ко и во медицинскиот случај, да видиме дали може да се навикнеме на идејата дека Марихуаната иако е извор на земна страст, сепак не е ни од блиску зло ко се останато од земни стимуланси, а сепак неопходна е претпазливост ко и за другите, а само тогаш би биле кадарни колективно ко општество да се здружиме до заеднички бенифит Референдумски цементирајќи ја таквата промена како неопходна и одржливо наштимана ... но за сега сеуште сме дезориентирани, спремни попрво за компромиси со распадливи идеологии него со натурализмот како вродена, магарешки флексибилни за вистински а балкански летаргични за апстрактни идеали ко еу нато брикс знд итн. чек дис аут нит билки в планина таму нема да смеете да берете слободно, а не пак Мрмр да одгледувате домакински, ајт сиктер таму ќе ви кажат во аптека по корпорациски иљач и еден цент на излез за паметникот на Хаксли за да си перат полезно совест утре еугеничарите на судниот ден кога всушност ќе немаме самите оправдание зошто сме дозволиле мамонизмот да не потчини безусловно ...
... но и без тоа како што се одржуваме во живот немаме радост нит сега, а ќе немаме нит потоа, oсвен ако не спрегнеме и диплиме под итно каков таков аграријанизам во државава [
1][
2][
3] бар да се поучевме и тронка од самоодрживоста на земјите од третиот свет, а ко ниваму нитаму најнапред себе, а потем и на други комшиски да им помогнеме со својот пример, она дека е возможно со лезет системот да го менуваме .... но, како и од каде да почнеме, во овој случај најдобро од и со предрасудите, а преку нив до потребите, жалосно но Конопот Марихуаната Канабисот Тревата кој и како да го нарекува ова растение, нема да го искористиме правилно, бидејќи сеуште е нерационално табу неговата лековита присутност, а спротивно пр. балканскиот национализам е легално институционализирана насушност, како апстрактно корисна работа но единствено кон предаторска припадност,
ко сеуште да сме застанале на праисториско племенски срвајвл мод. наместо академски склоп, што бесконечно пак и пак не доведува до фиктивна селекција преку земни концепти, а кои на крај не носат само до загарантирани несреќи, ко такви испуштени на се одоколу што е некако туѓо, а не пак непознато ... смешно, дури и кон концепт како Православието каде нема никаков простор за национализам, преку етнофилетизмот сите сродни се имаат парализирано за заедништво, и токму таму каде најмногу треба и можат да се ослободуваат, таму најмногу браќата да се сплеткуваат во своето нерационално, а кога на сето ова пак ќе се надоврзи како мотивација мамонизмот, не да изгледаме смешно топтан како човештво, да човек си вели што ми останува друго него да откачувам или да бегам од сето ова лудило како знам и умеам,
начинот на кој повеќето од нас ги олабавуваат а Не Дај Боже и ги губат идеалите макар живееле чесно и достоинствено т.е. етички и морално ... така и дотеравме до ова дереџе кога се' распродаваме, та и родена мајка спремни сме, а единствено останува да бараме утеха во Божјата Промисла бидејќи мрзливоста ни станала норма кога е во прашање Соживотот и со луѓето и со природата,
после се чудат сите што им требало да бркаат елитите киборг сценарија за какви такви да пробаме да преживее, чунки имале и навистина оштроумни политички елити кои и тајно делувале тоа навистина да ет за наше добро, но јасно е ко бел ден дека на скришниот табиет кумува секогаш таткото на лагата, та и да немале лоша намера елитите ќе се ќумурдисаат така и себе и оние кои свесно или несвесно им поклониле доверба ... вистина ќе ме израдува денот кога сите би можеле преку самоодржлива транспарентност, непосредно и јавно, и' на институциите да им ги помагаат пазат и корегираат политичките агенди, а што вовреме на е-опптество е прилично возможно преку институционални форуми... до тогаш уште еднаш еве повелете и вонинституционално тренирајте преку МАКЛЕЗЕТ како најдобро да ги пегламе разликите и ефектуираме политиките ...